Регион
РАИ: Производството на марихуана во Албанија зголемено за 12 пати
Италијанската полиција соопшти дека лани производството на марихуана во Албанија се зголемило дванаесет пати, што премиерот Еди Рама остро го негираше, велејќи дека ваквите тврдења немаат никакова основа. Производството на марихуана во Албанија е зголемено за 1.200 отсто, објави италијанската телевизија РАИ, повикувајќи се на полициски извештај.
Тврдењата во овој извештај се изненадувачки затоа што во 2014 година албанските власти почнаа низа активности против одгледувачите на марихуана, во кои беа уништени илјадници садници. Статистиката од тоа време покажа дека производството на марихуана се проценува на половина од бруто-националниот производ на Албанија.
Премиерот Еди Рама го нарече извештајот на полицијата срамен, наведувајќи дека информациите во документот „немаат никаква основа во реалниот живот“.Слично реагираа и претставниците на Министерството за внатрешни работи и опозицијата.
Сепак, италијанската полиција тврди дека околу 100.000 стебла марихуана во моментов растат во Албанија, со што земјата е на врвот на производителите на дрога. РАИ, исто така, ја цитираше изјавата на обвинителот Џакомо Каталдија, кој објасни дека со производство на марихуана албанската мафија „акумулира огромна сума пари, со што ја презеде водечката улога во останатите криминални активности ширум Европа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.