Свет
Речиси 20.000 работници во „Амазон“ имаат коронавирус, се жалат дека компанијата воопшто не ги штити
Повеќе од 19.800 работници во „Амазон“ добиле позитивен резултат на тестот на Ковид-19 од почетокот на март, објави дигиталниот гигант.
Податоците за вкупно 1,37 милиона работници во директен контакт со клиенти, вклучително и оние во самопослугите Whole Foods Market во САД, покажуваат пониска стапка на инфекција од очекуваната, велат во „Амазон“.
Работниците во логистичките центри тврдат дека компанијата не ги заштитила соодветно од пандемијата и дека раководството не сака да споделува информации за заразените колеги со нив.
Менаџментот одговара дека го засилиле тестирањето и дека се тестираат до 50.000 работници на ден во 650 објекти, пренесува „Индекс“.
„Од почетокот на кризата ние правиме големи напори за постојано да ги информираме нашите работници. Ние им испраќаме известувања за секој нов случај во објектот каде што се наоѓаат“, тврди „Амазон“ на блогот.
Кога стапката на инфекција меѓу работниците во „Амазон“ и „Хол фудс“ би била иста како и кај населението во САД во целина, бројот на заразени би надминал 33.000, велат од управата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.