Свет
Речиси 74 отсто од Јапонците сметаат дека сегашните односи со Русија не се добри
Најмалку 73,9 отсто од Јапонците сметаат дека сегашните односи со Русија не се во добра форма до одреден степен, објави новинската агенција „Кјодо“ повикувајќи се на резултатите од истражувањето на јапонскиот кабинет на министрите, спроведено од октомври до декември 2020 година.
Беше забележано дека овој процент е 7,1 отсто поголем во споредба со претходната студија спроведена во 2019 година.
Дополнително, истата процена на односите со Кина ја дадоа 81,8 отсто од испитаниците (пораст од 6,3 отсто), а 82,4 отсто (пад од 5,5 од) го кажаа истото тоа за односите со Република Кореја. Во исто време, 86,3 отсто од испитаниците изјавиле дека повеќе или помалку позитивно ги оценуваат односите со САД, што е пораст од 6,1 отсто.
Во истражувањето учествувале околу 1.800 лица постари од 18 години.
Од средината на минатиот век Москва и Токио наизменично преговараа за мировен договор по Втората светска војна. Главната пречка за неговото потпишување беше прашањето за сопственоста на јужниот дел на гребенот Курил.
Во 1945 година целиот архипелаг беше приклучен во Советскиот Сојуз, но јапонската страна ја оспорува припадноста на Итуруп, Кунашир, Шикотан и групата сега ненаселени острови, кои во Јапонија се нарекуваат Хабомаи.
Руското Министерство за надворешни работи постојано нагласува дека рускиот суверенитет над нив, кој има соодветна меѓународна правна форма, не може да се доведе во прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Авион двапати се одби од пистата во Лос Анџелес: „Ова е најгрубото слетување што сме го снимиле“
На аеродромот во Лос Анџелес во живо е снимено неверојатно слетување на авионот на „Луфтханза“.
Имено, за време на слетувањето, авионот еднаш, а потоа и втор пат се одби од пистата и повторно полета, предизвикувајќи шокирани реакции кај коментаторите во преносот од аеродромот.
„Што? Леле, леле, леле. Мислам дека ова е најгрубото слетување што некогаш сме го снимиле“.
Откако повторно се нашол во воздух, авионот со маневрирање успеал да слета на пистата и безбедно да го заврши летот.
The moment a Lufthansa plane performed a rejected landing, or a ‘touch-and-go’, was caught on a livestream.
🎥 Airline Videos Live via YouTube pic.twitter.com/BpYSGuwMCG— Daily Mail Online (@MailOnline) April 24, 2024
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.
Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.