Свет
Рио де Жанеиро е првиот град прогласeн за светска престолнина на архитектурата
Рио де Жанеиро е прогласен за светска престолнина на архитектурата за 2020 година од страна на УНЕСКО, што го прави првиот град во светот кој ја освои оваа титула.
УНЕСКО неделава објави дека ќе воведе нова титула, воспоставена заедно со Меѓународната унија на архитекти, чија цел е да се зачува архитектонското наследство во градовите и да се поврзе оваа тема со културниот и социјален развој.
„Преку разновидноста и квалитетот на активностите, Рио де Жанеиро ќе ја демонстрира клучната улога на архитектурата и културата во одржливиот урбан развој“, рече Ернесто Отоне во изјавата на УНЕСКО.
Во следните неколку години Рио ќе биде домаќин на многу светски значајни настани кои ќе се занимаваат со климатските промени и развојот на земјите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.