Свет
Ријад издвоил 60 милиони долари за поддршка на Палестинската самоуправа
Државниот Саудиски фонд за развој на палестинско Министерство за финансии му доделил 60 милиони долари како поддршка за Палестинската самоуправа во периодот меѓу ноември 2018 година и јануари годинава, вели Осама бин Ахмед Накли, претставник на Саудиска Арабија во Арапската лига.
„Саудиска Арабија ја поддржува палестинската кауза на разни нивоа – во политичко, економско и на хуманитарно ниво“, рече Накли, кој е и амбасадор на земјата во Египет.
Палестинците со години се во конфликт со Израел. Меѓународната заедница се обиде да го реши конфликтот со разни платформи. В среда и в четврток Варшава ќе биде домаќин на конференција спонзорирана од САД на Блискиот Исток, на која се очекува да се дискутира за израелско-палестинскиот конфликт.
И додека Саудиска Арабија соопшти дека ќе учествува на самитот, палестинската влада изрази страв дека на состанокот ќе се претстави договорот на векот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт за кој палестинските власти сметаат дека е насочен кон напуштање на палестинска кауза.
Од центарот за хуманитарна помош „Крал Салман“ минатата година изјавија дека Ријад и понатаму ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ преку финансиска помош.
Според центарот, вкупниот придонес на Саудиска Арабија во Палестина во изминатите неколку години изнесува 6,4 милијарди долари за развој и за хуманитарна помош и за поддршка на бегалците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.