Свет
Русија го прекина извозот на струја за Финска
Рускиот извоз на електрична енергија за Финска денеска е прекинат, наведе финскиот мрежен оператор „Фингрид“.
Минатата недела руското комунално претпријатие „Интер РАО“ најави дека ќе го запре извозот во Финска со образложение дека земјата од 6 мај не плаќала за електрична енергија што се продава преку паневропската берза Nord Pool.
Испораките на руска електрична енергија за Финска паднаа од 87 мегавати на нула, покажуваат податоците на мрежниот оператор „Фингрид“ соопштувајќи дека компанијата може да го замени руското снабдување со шведска електрична енергија и да го зголеми домашното производство.
Се додава дека прекинот на рускиот извоз се должи на ограничувањата на плаќањата што ги наметнаа западните земји.
„Поради овие ограничувања, руската струја веќе не може да се плаќа. Затоа суспензијата е повеќе последица отколку руска контрамерка“, се наведува во соопштението.
Речиси 10 отсто од потребната струја доаѓа во Финска од Русија. Не е јасно дали потегот на Русија е поврзан со пристапот на Финска во НАТО.
Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.
Зборувајќи со претседателот во Хелсинки, финската премиерка Сана Марин рече дека се надева оти парламентот ќе ја потврди одлуката за аплицирање за влез во НАТО во следните неколку дена.
Финскиот претседател Саули Ниинисто вчера потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.
Премиерка на Финска, Сана Марин, пак, рече дека се надева оти во наредните неколку дена финскиот парламент ќе ја потврди одлуката за аплицирање за членство во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.