Свет
Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки
Русија оцени дека Кина има право да преземе „неопходни мерки за заштита на својот суверенитет“, наведувајќи дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван е „очигледна провокација“.
„ Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Оттаму посетата на Пелоси на Тајван ја нарекоа „очигледна провокација“ што треба да ја спречи Кина. Кинеската војска соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор“ на посетата.
???????????????????? Russia's principled position remains unchanged: we operate on the premise that there is only one China, and the PRC government is the only legitimate government representing all of China, that Taiwan is an inalienable part of China.#WeStandWithChina#ThereIsOnlyOneChina pic.twitter.com/Ft6bLv1zgM
— MFA Russia ???????? (@mfa_russia) August 2, 2022
„ Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од акции кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека посетата поттикнува „зголемување на тензиите“ во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.
„ Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме во целосна солидарност со Кина, нејзиното однесување во однос на овој проблем е разбирливо и целосно оправдано“, рече тој.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави: „Вашингтон носи дестабилизација на светот. Ниту еден конфликт не е решен во последните децении, туку се поттикнати многу конфликти“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.