Свет
Русија им забрани на војниците да користат паметни телефони
Руските законодавци усвоија нов предлог-закон за забрана на користење на електронските уреди што можат да снимаат фотографии и видеа, како и да собираат геолокациски податоци – во основа, сите современи преносни уреди, пренесува РТ.
Предлог-законот, одобрен од државната Дума по последното читање во вторникот, им забранува на сите активни војници и резервисти за време на обуката да споделуваат на интернет или во медиумите какви било информации кои би можеле да ја откријат нивната локација, во кои единици служат, информации за колегите војници итн.
Освен тоа, на воените лица им е забрането дури и да имаат уреди што можат да складираат и/или да пренесуваат фотографии, видеа и прецизни податоци преку интернет.
Спонзорите на нацрт-законот ја објаснија потребата за тоа со фактот дека воените лица претставуваат посебен интерес за странските разузнавачки служби и терористички групи. Затоа, размената на лични податоци додека се на должност може да биде опасно за војниците и за целиот народ.
Русија се обидува да ја подобри тајноста на својата војска, усвојувајќи низа мерки за ограничување на протокот на потенцијално чувствителни податоци од војниците.
Во ноември минатата година војската воведе специјални курсеви за војниците и офицерите за тоа како да се однесуваат на интернет за да ги заштитат државните тајни. Обуката го вклучува она што треба – и што не треба – да им се кажува на странците како безбедно да се користат социјалните мрежи и други насоки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.