Европа
Русија објави видео: Го соборивме украинскиот дрон „Бајрактар“
Руското Министерство за одбрана објави снимка на која се гледа како екипажот на фрегата на Црноморската флота кај западниот брег на полуостровот Крим пука од украинското беспилотно летало „Бајрактар“. Според Министерството, дронот е уништен иако не е јасно од видеото.
„Целта е уништена со лансирање два проектила од противвоздушниот систем ‘Стил’“, соопшти руската војска додавајќи дека украинскиот дрон е извидување на дејствата на руските бродови и позицијата на руската армија на Крим и јужна Украина.
?? Экипаж фрегата Черноморского флота у западного побережья Крымского полуострова уничтожил беспилотный летательный аппарат типа «Байрактар» ➡ https://t.co/cFYJhKvllE pic.twitter.com/OZb7uDKAgO
— Минобороны России (@mod_russia) April 12, 2022
На видеото, што го објави руското Министерство за одбрана, се гледа лансирање проектил од руски брод, но моментот на уривањето на украинскиот дрон не е видлив.
Од првиот ден на војната Украина користи турски дронови „Бајрактар TB2“ за кои тамошните воени претставници тврдеа дека биле успешни против руската војска неколкупати. Во првите денови од војната на социјалните мрежи кружеа многубројни видеа на кои се гледа дека „Барјактар“ е во акција против руската армија.
While we are waiting for new #BayraktarTB2 footage.. ?
Artillery and #BayraktarTB2.. Force multiplier. #Ukraine #drone #SlavaUkraini pic.twitter.com/0fh9gj5UHt
— This is the (@SpiritOfKabanah) March 25, 2022
Украина ги набави овие беспилотни летала, кои Турција ги смета за гордост на својата воена индустрија, во 2019 година, но не е сосема јасно колку. Се споменуваат бројки меѓу 20 и 50, а од друга страна, Русија во неодамнешниот извештај, меѓу другото, наведува дека уништила 35 од 36-те дронави „Барјактар“, колку што наведуваат дека има украинската армија.
Ukraine lost 35 of its 36 Turkish Bayraktar TB2 drones. 97% destroyed!!
That's 97% "ineffective" in combat zone of Ukraine. pic.twitter.com/VXbvP0RU4Y— G219_Lost (@in20im) March 26, 2022
Според „Фајненшл тајмс“ на 12 март, две недели по почетокот на инвазијата, воената соработка меѓу Турција и Украина продолжила, но не како донација, туку како комерцијална соработка со компанија за беспилотни летала, кооснована од зетот на Ердоган.
„Ова не е помош од Турција. „Тоа е производ што Украина го купи од компанија во Турција“, изјави заменик-министерот за надворешни работи, Јавуз Селим Киран, за весникот „Дејли сабах“, пофалувајќи ги беспилотните летала што „ја менуваат играта“.
„Фактот што нашиот дрон стана еден од главните елементи на украинската армија, всушност, ги покажува успехот и квалитетот на производите што ги произведува нашата компанија“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Европа
Русија: Ќе ги таргетираме украинските магацини во кои се доставува западното оружје
Русија ќе ги интензивира нападите врз украинските бази за складирање во кои е сместено оружјето доставено од Запад, изјави денеска министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, а Соединетите Држави се подготвуваат да одобрат и достават долго одложувана нова воена помош.
Шојгу рече дека Русија „го отфрли митот за супериорноста на западното оружје“ и дека нејзините сили презеле иницијатива на фронтот долг 1.000 километри.
Тој алудира на фактот дека в сабота, по гласањето во Претставничкиот дом, Вашингтон е подготвен да достави нов пакет воена помош за Украина, вреден речиси 61 милијарда долари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев набргу ќе добие повеќе ракетни системи со долг дострел ATACMS како дел од ветениот пакет. Американските власти рекоа дека помошта ќе вклучува испорака на муниција и пресретнувачи за системи за противвоздушна одбрана за Украина.
„Со оглед на заканите од САД и нивните сојузници, ние мора да продолжиме да ги подобруваме составот и структурата на вооружените сили и да го зголемиме производството на најпопуларното оружје и воена опрема“, рече Шојгу додавајќи дека руските сили „ќе го зголемат интензитетот на нападите врз логистичките центри и базите за складирање на западното оружје“.
Рускиот министер за одбрана повтори дека Русија овој месец ги освоила селата Первомајске, Бохданивка и Новомихајливка.
Во понеделникот украинскиот командант го негира падот на Новомихајливка велејќи дека неговите војници сè уште држат 15- 20 отсто од селото.
Руското Министерство за одбрана објави дека руските маринци, кои учествувале во заземањето на Новомихајливка, заробиле оружје од западно производство, вклучувајќи шведски фрлачи на гранати, американски противоклопни системи Javelin и системи за електронско војување на НАТО.