Свет
Русија очекува шефот на ОН да има активна улога во решавањето на визниот проблем
Москва очекува генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да има активна улога во решавањето на ситуацијата во врска со неиздавање американски визи на членови на одредени национални делегации во ОН, вклучувајќи ја и Русија, изјави заменик-амбасадорот на земјата во ОН, Генадиј Кузмин, пренесува ТАСС.
„Ние сме заинтересирани генералниот секретар на ОН да преземе активна улога во решавањето на овој проблем и да го искористи прерогативниот што му го дава договорот со седиштето на ОН, што вклучува, меѓу другото, консултации со земјата домаќин, до арбитража меѓу САД и ОН“, вели Кузмин.
Претходно беше соопштено дека САД нема да им издадат визи за една третина од руската делегација за сесијата на Првиот комитет на ОН за прашања од разоружувањето. Во овој контекст, првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, предложи преместување на седниците на Првиот комитет на ОН во Виена или во Женева, почнувајќи од 2020 година.
Во понеделникот заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, изјави за ТАСС дека Секретаријатот на ОН е загрижен поради неиздавањето визи и најави консултации за проблемот со земјата домаќин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.