Свет
Русија ќе испрати нота до Амбасадата на САД за инцидентот во Северодвинск
Министерството за надворешни работи на Русија ќе испрати нота до Амбасадата на САД по инцидентот со американски дипломати во Северодвинск, кои се осомничени за кршење на правилата за патување, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Евгениј Иванов, пренесува ТАСС.
Тројца американски дипломати беа отстранети од возот што се движеше помеѓу Нионокша и Северодвинск во рускиот северен регион Архангелск бидејќи беа осомничени за кршење на правилата за патување за странците во Русија.
Нионокша е затворено село во близина на главната локација за тестирање на руската морнарица, каде што во август во мистериозна нуклеарна несреќа загинаа седум лица, а беше ослободено и зрачење. Северодвинск е град за кој на странските државјани им е потребна официјална дозвола за посета.
Според Иванов, единствената последица со која би можеле да се соочат американските дипломати е поднесување административни протоколи.
„Тие се членови на персоналот на Амбасадата и, како што разбрав, работат за воениот аташе и уживаат имунитет“, објасни тој.
Постар дипломат потврди дека патувањето било координирано, но дека крајната дестинација бил Архангелск, а не Северодвинск.
„Ќе се изготват некои административни протоколи, но тие уживаат имунитет, па затоа мислам дека ќе бидат спроведени само проверки за да откриеме како се случило тоа“, рече Иванов.
ТАСС претходно извести дека инцидентот се случил на 14 октомври. Американските дипломати се осомничени за административен прекршок според член 18.8 од Кодексот за административни прекршоци на Русија (прекршок од странски државјанин или лице без државјанство на правилата за влез во Руската Федерација или на режимот за престој во Руската Федерација).
Портпарол на Стејт департментот претходно изјави за ТАСС дека дипломатите соодветно ги известиле руските власти, односно руското Министерство за одбрана, за нивните патни планови. Но, од руското МНР велат дека дипломатите најавиле намера да го посетат Архангелск, а наместо тоа, биле на пат кон Северодвинск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.
Свет
(Видео) Руски борбен авион се урна кај Севастопол
Рускиот борбен авион Су-27 денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, а веста ја потврди и регионалниот гувернер Михаил Развозаев.
„Пилотот безбедно се катапултирал, а спасувачите на севастополската спасувачка служба го подигнале на оддалеченост од двесте метри од брегот. Цивилните објекти не се оштетени“, објави Развозаев на својот официјален канал.
Ein russischer Su-27 „Luftüberlegenheitsjäger“ ist vor der Küste Sewastopols brennend ins Meer gestürzt.
Russisches Militär behauptet Stock und Stein, dass es sich um einen „technischen“ Unfall und keinen versehentlichen Abschluss handelt.
Naaa ja. pic.twitter.com/8cWoc7jp4W— Julian Röpcke🇺🇦 (@JulianRoepcke) March 28, 2024
Се уште нема потврда како и зошто дошло до овој инцидент.
Медиумите првично објавија дека се урнал авионот Су-35, но се потврди дека се работи за моделот Су-27. Како што може да се види на снимката од несреќата, авионот се вртел во пламен на небото додека не паднал директно во Црното Море.