Свет
Руската православна црква им дозволи на верниците исповед преку телефон или на „Скајп“
Во период кога Русија презема сè порестриктивни мерки за социјално дистанцирање за борба против епидемијата на новиот коронавирус Ковид-19, Руската православна црква се приспособи на новонастанатата ситуација заземајќи малку пониаков пристап кон светите тајни вклучувајќи ја и исповедта, пренесува РТ.
Строгите правила за самоизолација во домовите донесени од властите во повеќето руски региони се предизвик за христијаните што сакаат да продолжат со својот духовен живот додека беснее пандемијата. Во период кога во земјата има повеќе од 3.500 луѓе заразени со Ковид-19, рускиот патријарх Кирил ги замоли верниците извесно време да останат настрана од црквите.
За да им надомести за тоа, РПЦ им понуди на своите верници прилично неортодоксни начини за учество во светите тајни. Неодамна митрополитот Иларион им рече на верницит дека може да ја користат модерната технологија.
„Верувам дека во време на несекојдненви услови верникот може да се исповеда преку телефон или на „Скајп“ за што првин треба да се договори со својот свештеник“, рече тој.
Православниот свет ќе го слави Велигден за две седмици, а митрополитот Иларион уште еднаш ги увери верниците дека со пропуштањето на црковните служби не прават грев.
„Нема да го предадете Христа ако не дојдете во црква, но ќе го предаете ако некој се разболи поради вас“, посочи тој и додаде дека РПЦ сега емитува повеќе свои услуги преку интернет за да им овозможи на верниците пристап до нив од дома.
Русија не е единствената нација во која верниците се соочуваат со разни тешкотии поради ограничувањата наметнати за да се запре ширењето на пандемијата, која веќе зарази еден милион луѓе во светот.
Кон крајот на март папата Франциско ги повика католиците да се откажат од исповедта пред свештеник ако не се во можност поради карантинот.
„Ако не можете да најдете свештеник за да се исповедате, разговарајте директно со Бога, со вашиот татко, и кажете му ја вистината“, рече тој апелирајќи до луѓето да останат дома.
Свештениците во САД, пак, прибегнаа кон водење миси на „Фејсбук“, па дури и понудија и „драјв-тру“ исповеди. Верниците таму сега може да ги исповедаат своите гревови додека седат во своите автомобили на црковниот паркинг, а свештеник разговара со нив на телефон седнат на неколку метри од нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.