Свет
Руската црква се надева на дијалог со Цариград за Украина
Руската православна црква се надева дека Вселенската патријаршија во Цариград ќе ги разбере последиците на своите дела во Украина и ќе почне со дијалог, изјави портпаролот на руската црква, Александар Волков.
„Патот што го избра Цариград може да има ужасни резултати за глобалното христијанство и за верниците во Украина. Меѓутоа, оваа ужасна ситуација би можела брзо да биде решена ако Цариград се одлучи на дијалог“, рече Волков пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Според неговите зборови, руската православна црква ќе ја задржи својата позиција, а дијалогот може да почне само кога Вселенската патријаршија ќе ја увиди својата грешка и ќе се извини за делата со кои нанела значајна штета на православието.
Вселенската патријаршија претходно изјави дека ќе ја поддржи автокефалноста на украинската православна црква, на што Русија се противи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште во Франција, напаѓачот е приведен
Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се полесно повредени со нож во близина на нивното училиште во Софелвејерсхајм, источна Франција, соопштија властите.
Според жандармеријата, 11-годишно девојче било повредено со нож пред училиштето, а друго е избодено на блискиот плоштад. Имаат површни рани и се хоспитализирани.
Напаѓачот бил приведен нешто по 14 часот и 15 минути на плоштадот. Тој веќе немал нож во раката и не пружал отпор.
„Човекот не е познат на службите и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализација“, соопшти жандармеријата.
Децата биле задржани на училиште. Родителите ги чекале пред училиштето каде се распоредени неколку противпожарни возила.
„Навистина се плашам. Ни рекоа дека децата се безбедни внатре, но не знаеме кога ќе можеме да ги земеме“, рече Сара, една од мајките чие дете е на училиште.
Свет
Патник загина на летот на Рајанер над Италија, со него била и неговата бремена сопруга
Вчера, 33-годишен маж загина на летот на Рајанер над Италија додека неговата бремена сопруга седела во вториот, заден дел од авионот. Според италијанските медиуми, мажот починал од срцев удар.
Откако вчера наутро му се слошило на летот од Торино до Ламеција Терме, двајца патници обучени за давање медицинска помош се обиделе да го спасат, а персоналот на авионот бил принуден да влезе со дефибрилатор, пишува LaStampa. Авионот се вратил во Торино 30 минути по полетувањето, влетале лекарите, но на лице место била констатирана смрт на човекот.
Неговата сопруга дознала за неговата смрт дури откако авионот се вратил во Торино бидејќи седела далеку од него во задниот дел од авионот. Локалните медиуми јавуваат дека таа била однесена во блиската болница Сирие во состојба на шок.
По трагедијата, имаше тврдења дека спасувачките екипи доцнеле на аеродромот. Сепак, овие тврдења се отфрлени, а локалната здравствена власт соопшти дека биле подготвени да пружат помош веднаш по слетувањето на авионот.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.