Свет
Рускиот Истражен комитет и РТ иницираат проект за злосторствата во Донбас
Рускиот Истражен комитет и телевизијата РТ ќе поведат заеднички проект за злосторствата на украинските војници против цивилите на југоистокот од Украина.
„Истражниот комитет на Руската Федерација и РТ почнуваат заеднички мултимедијален проект, чија цел е да раскаже за злосторствата против цивилното население што ги извршиле украинските војници во текот на вооружениот судир на југоистокот од Украина“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на комитетот.
Истражниот комитет наведува дека за пет години бројот на поведени кривични постапки поради примена на забранети средства и методи на војување се зголемил на 300. Во рамките на истрагата биле испитани повеќе од 143.000 сведоци, а повеќе од 20.000 од нив, од кои 2.000 деца, се покажале како жртви.
Освен тоа, поведени се повеќе од 280 кривични постапки против претставници на украинските сили. На одговорност се повикуваат 76 луѓе вклучувајќи 20 офицери од командата на вооружените сили на Украина.
За да се истражат кривичните дела поврзани со употреба на забранети средства и методи на војување, формиран е специјализиран главен оддел за истраги во Истражниот комитет на Русија. Ниту еден факт од злосторничкото однесување на украинската војска кон цивилното население нема да се игнорира од истражителите на оваа единица. Задачата на комитетот е да собере цврста основа со докази бележејќи го секој кривичен факт.
„На веб-страницата на проектот телевизијата РТ исто така ќе објавува авторски истраги за злосторствата над цивилното население и приказни на непоредните сведоци на овие брутални злосторства“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.