Свет
Рускиот конзулат во Њујорк бара да се осигури неговата безбедност
Рускиот генерален конзулат во Њујорк побара од Канцеларијата за странски мисии на Стејт департментот на САД да преземе мерки за да ја осигура неговата безбедност по извршенини акти на хулиганство пред неговата зграда, пренесува ТАСС.
Антируски митинг се одржа пред зградата вчера попладнето, при што неидентификуван учесник фрлил конзерва со боја кон зградата.
„Зградата претрпе материјална штета. Овој чин на хулиганство можеше да биде опасен за посетителите и за персоналот на конзулатот “, изјави дипломатската мисија за ТАСС.
„Направивме многубројни обиди да контактираме со полицијата во Њујорк, но тие не сметаа дека е потребно нивно просуство за воспоставување ред. Во вторникот вечерта се обративме до Канцеларијата на странски мисии барајќи да се осигури безбедноста“, соопшти конзулатот.
Руските дипломати изјавија дека од 18 јануари наваму, Конзулатот има проблеми со телефонските линии.
„Некои од клучните телефонски линии сè уште не се во функција. Постојано се јавуваме во телефонската компанија и кај службениците, но тие постојано цитираат технички проблеми“, велат од конзулатот.
Кон крајот на јануари руски дипломати за ТАСС изјавија дека конзулатот има проблеми не само со фиксните телефонски линии туку и со мобилните телефони. Дипломатската мисија истакна дека никогаш порано не доживеала такви проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.