Контакт

Свет

Рускиот обид за ширење на влијанието во Африка го фати Западот неподготвен

Објавено пред

Русија френетично презема нови обиди за зголемување на своето влијание во Африка преку зајакнување на воената соработка и преку склучување договори за продажба на оружје со африканските држави, тврди британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

Последен во оваа низата обиди е договорот за изградба на руска логистичка база на брегот на Црвеното Море во Еритреја постигнат на почетокот на септември кога руски владини претставници со месеци крстосуваа од Африканскиот Рог до Големите Езера и Јужна Африка.

Брзината со која Русија ја спроведува новата стратегија предизвика загриженост за почитувањето на човековите права и стравување за безбедноста поради продажба на оружје на режими кои се слаби или се вклучени во конфликт, особено откако од САД дојде најава дека Вашингтон планира да ги повлече своите војници и да ги затвори мисиите во африканските земји.

„Гардијан“ посочува дека фокусот врз зајакнатата активност на Москва во Африка се зголемил по убиството на тројцата руски новинари во Централноафриканската Република (ЦАР) минатиот месец додека ги истражувале активностите на контроверзната руска фирма за воени услуги „Вагнер“. Аналитичарите наведуваат дека активностите на Москва се интензивирале годинава, при што високи руски претставници претстојувале во повеќе африкански држави нудејќи им договори за продажба на оружје и за воени услуги често придружувани со некакви погодности како дипломатска поддршка или потенцијално рентабилни договори за експлоатација на руди.

„Вознемиреност предизвикува не само испораката на оружје и распоредувањето војници, туку и фактот дека Русија се постави во улога на посредник меѓу владата на ЦАР и воружените бунтовнички групи на преговорите во Судан. Со тоа се поткопа посредничката улога на африканската унија, а Русија ја користи ваквата позиција за да добие пристап до рудниците за дијаманти и злато во областите под контрола на бунтовниците, пишува „Гардијан“.

Високи руски претставници, меѓу кои и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, и претседателката на Горниот дом на парламентот на Русија, Валентина Матијенко, биле вклучени во процесите за постигнувањето договори за воена соработка.

„Во текот на март Лавров ги посети Ангола, Намилија, Мозамбик, Етиопија и Зимбабве, каде што потпиша серија договори за отворање економски зони, искористување на минералните ресурси и за воено-техничка соработка. Во јули директорот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев, за време на самитот на БРИКС објави дека е потпишам меморандум за разбирање за воена соработка, вклучително и за обуки, со Заедницата за развој на државите од Јужна Африка, наведува „Гардијан“, додавајќи дека зголемениот интерес на Русија за Африка го фатил Западот неподготвен за ваквиот руски пристап.

 

Свет

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

dobivaj vesti na viber

ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.

Прикажи повеќе...

Свет

Дваесет загинати во израелски воздушни напади

Објавено пред

Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа, соопштија здравствените власти во енклавата.

dobivaj vesti na viber

Тие додадоа дека во Рафах, на југот на енклавата, каде во моментов се наоѓаат над милион Палестинци, 14 лица загинаа, а десетици други се ранети во нападите што погодија неколку куќи и станови.

Уште шест лица загинаа во вториот воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа, додадоа официјални лица.

Деир Ал Балах, град во централниот дел на Појасот Газа, на околу 14 километри јужно од градот Газа, исто така беше бомбардиран во текот на ноќта, јавува Ројтерс.

Од почетокот на израелската агресија врз Газа, според Министерството за здравство во Појасот Газа, загинале повеќе од 31.000 луѓе.

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, во понеделникот отиде во Катар за да ги продолжи преговорите за привремен прекин на огнот и ослободување на израелските заложници во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Прикажи повеќе...

Свет

Лукашенко: Исходот од претседателските избори во Русија е сериозен сигнал за Западот

Објавено пред

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги коментираше резултатите од претседателските „избори“ во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Исходот од претседателските избори во Русија е сериозен сигнал за Западот, кој сметаше на протресување на ситуацијата во Русија одвнатре. Тие не можеа да го направат тоа на првата линија, па се обидоа да го направат тоа одвнатре, но и тие не успеаја“, рече Лукашенко, цитиран од државната агенција „БелТА“.

Лукашенко рече дека никој не може да ги принуди луѓето на Белорусија и Русија на ништо.

Тој се пофали како изборниот процес во Русија е добро организиран. „Природно, претседателот Путин мораше да работи многу, видовте. Тој неуморно патуваше низ цела Русија, посетуваше различни места и одговараше на виталните прашања на рускиот народ.

Процесот на планирање и селекција беше совршен. Има многу да се научи. Сите беа мобилизирани и консолидирани. Луѓето се патриоти и резултатот е совршен. Ова е лекција за нас“, рече претседателот на Белорусија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти германскиот истражувачки центар за...

Свет5 минути

Дваесет загинати во израелски воздушни напади

Дваесет Палестинци се убиени рано утринава во израелските воздушни напади врз Рафах, како и врз централниот дел на Појасот Газа,...

Македонија12 часа

Јакимовски за ставањето на црната листа: Ниту Американци, ниту свети Американци нема да ни кажат кој ќе ни ја води Македонија

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција изјави дека е изненаден од одлуката на...

Македонија15 часа

На црната листа на САД, Стевчо Јакимовски и Катица Јанева

Американскиот Стејт Департмент објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот...

Македонија20 часа

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за...

Топ21 час

Марихуана, повеќе видови таблети и мобилен телефон пронајдени при претрес во затворот во Битола

Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес...

Македонија21 час

Запленети 22 автомобила при заедничка акција на Царината и МВР

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Министерството за внатрешни работи запленети се...

Македонија21 час

Поштари нема, ама затоа за секој работник има по еден шеф – вработените во „Македонска пошта“ на протест повикаа на реорганизација

Вработените во Македонска пошта денес излегоа на протест од каде што повикаа на целосна реорганизација и систематизација на друштвото кое...

Македонија23 часа

Децата што ги имаат примено трите дози дитепер од денес може да одат во градинка

Децата кои имаат примени три дози вакцина дитепер против пертусис (голема кашлица) од денеска може да одат во градинка со...

Македонија23 часа

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. ДИК апелира до...

Свет23 часа

Бајден: Има двајца кандидати за претседател, но едниот е премногу стар и ментално неспособен

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е...

Македонија24 часа

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„АРМ треба да се модернизира, но набавка од 250 милиони евра пред избори не смее да има, идната влада треба...

Македонија24 часа

„Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ“, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и...

Европа1 ден

Путин: Целиот свет се смее на она што се случува во Америка, тоа е катастрофа

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата „изборна победа“ покажува дека Москва е во право што му се спротивстави на...

Европа1 ден

Русија: Американската тајна служба дозволила да биде блокиран влезот во руската амбасада

Амбасадата на Русија во Соединетите Американски Држави денеска ќе испрати дипломатска нота до Вашингтон во која ќе го искаже својот...

Свет1 ден

„Никој во историјата не успеал да ја потисне нашата волја и да не исплаши“ – Путин го одржа првиот говор по изборната победа

„Русија мора да биде уште посилна, поцврста и поефикасна“, порача претседателот Владимир Путин од неговиот изборен штаб во Москва, по...

Македонија2 дена

Вработените во Пошта утре ќе протестираат

Вработените во Пошта утре ќе протестираат од 8 до 10 часот. Ќе бараат исплата на платата за минатиот месец и...

Регион2 дена

Вучиќ: Цел свет скока да ја брани Украина, а кога ќе ѝ украдат дел на Србија – тогаш ништо

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствува на комеморативната академија по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето на 17 март...

Свет2 дена

(Видео) Паника во Источна Европа: дрон разнесе воен хеликоптер

Беспилотно летало камиказа разнесе воен хеликоптер во Придњестровје. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот нема жртви и дека истрагата е...

Регион2 дена

Погребани двајцата другари кои вчера загинаа во страшна сообраќајка, утре ден на жалост во Горњи Милановац

Горњи Милановац денеска беше обземен од тага, додека селските гробишта во селото Брѓани станаа сцена на последното збогување на двајцата...