Свет
Руски „МиГ-31“ пресретнал норвешки авион над Баренцовото Море
Борбен авион „МиГ-31“ од руската Северна флота бил ангажиран за да пресретне поморски патролен авион „П-3 Ц Орион“ на норвешки воздухопловни сили над Баренцовото Море, објави Националниот центар за контрола на одбраната на Русија, пренесува ТАСС.
Руските радари откриле воздушна цел над неутралните води во Баренцовото Море која се приближувала кон државната граница на Русија на 26 август, соопшти Центарот.
„Ловец „МиГ-31“ на воздушната одбрана на Северната флота за брза реакција беше ангажиран за да се идентификува воздушната цел и да се спречи да ја наруши државната граница на Русија. Екипажот на рускиот ловец се приближил до воздухопловот на безбедно растојание и го идентификувал како поморски патролен авион „П-3 Ц Орион“ на норвешки воздухопловни сили“, соопшти Националниот центар за контрола на одбраната.
На норвешкиот воен авион не му било дозволено да ја наруши руската државна граница, истакна Центарот.
„Откако странскиот воен авион се оддалечи од државната граница на Русија, рускиот ловец безбедно се врати на домашниот аеродром“, се вели во извештајот.
Целиот лет на рускиот авион се одвивал во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор, истакна Националниот центар за контрола на одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.