Европа
Руски функционер: Ќе реагираме ако сме принудени да ги заштитиме нашите граѓани во Украина
Висок претставник на Кремљ изјави дека во одредени околности Русија може да биде принудена да ги брани своите граѓани во источна Украина и дека голем воен конфликт би можел да го означи почетокот на крајот на Украина како држава, пренесе агенцијата „Тасс“.
Западните нации повикуваат на воздржаност откога Украина алармира поради трупањето руски сили во близина на границата.
Исто така, насилството се интензивира по должината на линијата на поделба меѓу владините сили и сепаратистите во источниот регион Донбас.
„Ја поддржувам процената дека… почеток на воена акција… би бил почеток на крајот на Украина“, рече заменик-шефот на канцеларијата на рускиот претседател, Дмитриј Козак.
Козак бил прашан дали Русија ќе ги заштити своите граѓани во источна Украина.
Споменувајќи ја Сребреница како одговор, каде што силите на босанските Срби убија околу 8.000 муслимански мажи и момчиња за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година, тој рече: „Сè зависи од размерот на конфликтот. Ако биде, како што вели нашиот претседател, Сребреница, очигледно е дека ќе мора да интервенираме за да ги заштитиме“.
Во телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел, претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев за провокаторски акции во источна Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.