Свет
Руско засилување во Сирија: Преку Босфорот минува брод полн со воена опрема
Турција не е на страната, ниту против која било земја вклучена во кризата во Сирија бидејќи нејзината политика за регионот се разликува од онаа на Иран, Русија и на САД, изјави неодамна потпретседателот на турската влада, Бекир Боздаг.
Сепак, Турчинот Јурук Ишик на социјалната мрежа „Твитер“ објави фотографии од руски воен брод кој го преминува Босфорот, при што напишал дека истиот тој брод е веќе на својот четврти пат кон сирискиот град Тартус. Според објавата, бродот пренесува воени возила и опрема. Меѓу другото, Ишик пишува дека дека бродот превезува оклопни возила „БТР-80“, опремени со уреди за попречување на сигналите на проектили управувани од далечина, камиони „камаз“, амфибии и друга воена опрема.
Reinforcement for Russia’s campaign continues amid rising international crisis in #Syria: #ВМФ Project1171 #ЧФ BSF Tapir class LST Orsk transits Med-bound Bosphorus en route to #Tartus carrying BTR80 APCs, Ural4320tanker,ambulance,KamAZ trucks & AirborneTroops VDV’s IVECO 4WDLynx pic.twitter.com/rmfsRRVxnJ
— Yörük Işık (@YorukIsik) April 15, 2018
Инаку, потпретседателот Боздаг својата изјава за политиката на Турција ја даде одговарајќи на новинарско прашање во врска со претходна изјава на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој рече дека со поддршката на ракетните напади во Сирија, Турција покажала дека се сепарирала од Русија.
САД, Франција и Велика Британија лансираа повеќе од стотина ракети кон Сирија во саботата утрото по доказите дека сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за напад со хемиско оружје врз градот Дума пред една недела, соопшти Пентагон.
„Политиката на Турција кон Сирија не е пасивно стоење настрана или, пак, насочена кон конкретни земји. Не постои промена во однос на нашата политика“, изјави Боздаг за новинарите во Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.