Свет
Рoхани со предупредување до САД: Ова е Персиски Залив, не њујоршки
Иранскиот претседател, Хасан Рохани, ги предупреди САД да не подготвуваат какви било воени потези во Персискиот Залив укажувајќи на историското име на водниот пат, пренесува иранската новинска агенција „Фарс“.
„Ова е отсекогаш Персиски Залив и ќе остане таков. САД треба да знаат дека името на овој залив е Персиски Залив, а не њујоршки или вашингтонски. Тие треба да престанат да коваат заговори против Иран“, рече Рохани на состанокот на кабинетот во Техеран во средата.
Тој исто така истакна дека Иран со години успешно го заштитувал водниот пат и ќе продолжи да го прави тоа.
Бригадниот генерал Абофлазл Шекарчи, портпарол на Иранските вооружени сили, ги повтори коментарите на Рохани велејќи дека ако американските сили извршат какви било активности на агресија против територијата на Иран или нејзиниот народ, Техеран остро ќе одговори.
„Американците сигурно сфатија дека ако направат и најмал потег на агресија против територијалните води на Исламската Република и интересите на нашиот народ, ќе бидат плеснати в лице посилно од минатото зашто не се шегуваме со никого во одбраната на нашата земја“, рече генералот Шекарчи.
На 15 април Централната команда на САД соопшти дека 11 брода на морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) спровеле опасни и провокативни маневри околу воените бродови на САД во Персискиот Залив.
Иранската војска ги отфрли обвинувањата како холивудски заговор повикувајќи се на претходниот инцидент, во кој американски бродови извршија две последователни провокативни пресретнувања на ирански воен брод.
По забелешките на Трамп за инструкциите за морнарицата на САД да го уништи секој ирански брод што ќе ги провоцира американските воени бродови, иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, рече дека американската војска треба да остане надвор од Персискиот Залив.
Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ескалираа уште на почетокот на јануари и веќе се критични кога иранскиот врховен воен командант Солејмани беше убиен во напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. Во знак на одмазда Иран лансира десетици проектили кон двете американски бази во Багдад на 8 јануари, при што на над 100 американски војници им беа дијагностицирани повреди на мозокот со нееднаква тежина како резултат на нападите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.