Свет
САД би можеле да спроведат нуклеарен тест за неколку месеци ако Трамп го нареди тоа
САД би можеле да извршат нуклеарно тестирање во живо во рок од неколку месеци ако претседателот го побара тоа, изјави висок официјален претставник на Пентагон посочувајќи дека некои геополитички прашања – веројатно мислејќи на Москва и Пекинг – би можеле да ја поттикнат наредбата, пренесува РТ.
Иако Вашингтон не го смени својот официјален став за нуклеарните тестови, кои се на стендбај речиси три децении, тоа може да се промени бргу, рече в.д. заменикот на помошник-секретарот за одбрана за нуклеарни прашања, Дру Волтер, на интернет-форумот организиран во вторникот од Институтот „Мичел“ за вселенски истражувања.
„Ако претседателот нареди – поради технички или геополитички проблем – системот да оди на тест, мислам дека тоа ќе се случи релативно бргу“, рече Волтер.
Коментарот следува по минатонеделниот извештај во „Вашингтон пост“ за тековни разговори во Белата куќа за тоа дали да се спроведе првиот американски нуклеарен тест во живо од 1992 година.
Висок официјален претставник изјави за весникот дека тестот може да испрати порака до Русија и Кина и да послужи како чип за преговарање во разговорите за контрола на оружјето – веројатно геополитичкото прашање што го навести Волтер. И покрај повеќедеценискиот мораториум, тестот технички нема да биде нелегален според меѓународното право бидејќи САД никогаш не го ратификуваа договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните тестирања.
Новиот договор СТАРТ, клучен договор за контрола на нуклеарно оружје, со кој се ограничува бројот на стратешко нуклеарно оружје што може да го употребат САД и Русија, треба да истече в година. Иако Русија сигнализира подготвеност да го обнови договорот – дури и да понуди да стави некои свои понови оружја под ограничувања – САД ја влечкаа процедурата инсистирајќи на преговори за нов договор што ќе ја вклучи и Кина.
Новата цел, сепак, драматично ќе ги комплицира преговорите. Со оглед на тоа дека нејзниот арсенал е десетпати помал од оној на Вашингтон, Кина не сака да се приклучи на договорот, но САД инсистираат на барањето.
Минатата недела високиот претставник на САД за контрола на оружјето, маршалот Билингсли, повторно го истакна предлогот повикувајќи ја Москва да ја донесе Кина на преговарачката маса. Додека предупредуваше на сеопфатна трка за вооружување, Билингсли исто така посочи дека САД може да го уништат секој противник нарекуваји го тоа испробана и вистинска стратегија.
Заканата се случи неколку часа откако САД објавија дека ќе го поништат договорот за отворено небо со Русија, голема мерка за градење доверба меѓу двете земји – иако тоа не го одврати Билингсли од тврдењата дека на Москва не може да ѝ се верува дека ќе ги поддржува договорите.
И покрај противењето за важноста на трката за вооружување, американските официјални претставници и политики продолжуваат да вртат во спротивна насока. Додека администрацијата, наводно, размислува за нов нуклеарен тест, Вашингтон почна модернизација на нуклеарното оружје, тешко 1,2 милион билиони американски долари.
Покрај тоа, „Нуклеар посчр ривју“ од 2018 година, процес што ја одредува улогата на нуклеарното оружје во американската безбедносна стратегија, значително го намали прагот за употреба на нуклеарна бомба сугерирајќи дури и на нуклеарна реакција поради сајбер-напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.