Свет
САД велат дека ќе ја интензивираат борбата против ИСИС во Авганистан
Највисокиот американски командант во Авганистан вели дека едностраното запирање на нападите врз талибанците од страна на владата во Кабул им дава можност на борбените сили на САД да ги интензивираат нападите врз екстремистичката група поврзана со Исламската држава во источниот дел на Авганистан.
Генералот на армијата, Џон Николсон, им се обрати на новинарите на маргините од состанокот на министрите за одбрана на НАТО, каде што обезбеди информации за војната против талибанците. Николсон рече дека не може да предвиди дали талибанците ќе пристапат кон прекинот на огнот што оваа недела беше означен од страна на претседателот Ашраф Гани.
Николсон изјави дека прекинот на огнот на Гани не се однесува на одделни борби каде што антитерористичките сили на САД се ангажирани против симпатизерите на ИСИС во источниот дел на Авганистан. Тој рече дека борбата веќе се интензивира во провинцијата Нангархар и таа понатаму ќе биде засилена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации за исчезнувањето на девојчето
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2).
Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.
Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.
Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.
Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.