Свет
САД воведоа нови санкции за руските банки поради поддршката на Северна Кореја
Соединетите Држави денеска воведоа санкции за две руски банки, Далечниот Исток и Спутник банка, севернокорејската компанија Ер Корио трејдинг и Јонг Јонг Нам, претставник на организацијата со седиште во Белорусија, поврзана со Втората севернокорејска академија на науките.
„САД ќе продолжат да ги спроведуваат постојните и да воведуваат нови санкции, барајќи од Северна Кореја да се врати на дипломатијата и да се откаже од својата програма за развој на оружје за масовно уништување и балистички ракети“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање и Брајан Нелсон, пренесува „Ројтерс“.
Санкциите се воведени поради „поддршка на севернокорејската програма за развој на оружје за масовно уништување“, соопшти американското Министерство за финансии, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.