Свет
САД ги заоструваaт условите за барателите на азил
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, објави заострување на условите за аплицирање за азил во САД.
Оваа одлука би значела дека мигрантите кои илегално ја преминале границата со САД немаат можност да аплицираат за азил.
Доцна синоќа беше објавено соопштение од страна на Министерството за внатрешна безбедност на САД во кое се наведува дека системот на азил паѓа под премногу неоправдани барања за азил кои го спречуваат брзото издавање на азил на оние кои навистина го заслужуваат тоа.
Влијателната Американска унија за граѓански слободи (АЦЛУ) веднаш ја критикуваше одлуката на властите, оттаму тврдат дека според американскиот закон е дозволено поединци да бараат азил, без оглед на тоа дали тие пристигнале во земјата преку граничниот премин.
AЦЛУ во својата реакција наведува дека заобиколување на овој принцип не е во согласност со законот.
Новата одредба нема да се применува ретроактивно, а како што пишуваат тамошните медиуми, се очекува американскиот претседател наскоро и да ја потпише новата одредба, и таа да стапи на сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.