Свет
САД: Зеленски треба да ги одреди условите за мировните преговори
Соединетите Американски Држави очекуваат преговорите за Украина да почнат во одреден момент, но исто така веруваат дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, е тој што треба да ги одреди условите за какви било мировни преговори, изјави постојаната претставничка на САД во НАТО, Џулијан Смит, додавајќи дека „Москва може да го запре конфликтот утре ако сака“.
„Се надеваме дека во одреден момент ќе има преговори. Нашиот претседател, Џо Бајден, неодамна рече дека оваа војна треба да заврши со договор, но ние сакаме сето тоа да биде во рацете на Зеленски. Тој треба да ги постави условите за преговарачката маса, која вклучува меѓународно почитување на признаените граници и преземање одговорност за постапките на руската страна“, изјави Смит за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Според неа, НАТО и САД се во „дневен контакт со украинските воени команданти“, според ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.