Свет
САД и официјално се повторно дел од Парискиот договор за климата
САД денеска и официјално повторно се приклучија кон Парискиот климатски договор.
Администрацијата на Бајден најави драстично намалување на емисиите на штетни гасови во следните три децении, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот пратеник за климата, Џон Кери, денеска учествува на видеосостаноци по повод повторниот влез на САД во Парискиот договор со амбасадорите на Велика Британија и Италија, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и пратеникот на ОН за климатски промени, Мајкл Блумберг.
Агенцијата наведува дека научниците и странските дипломати го поздравиле враќањето на САД кон договорот, кое стана официјално денеска, 30 дена откако претседателот Бајден го потпиша указот на првиот ден од својот мандат.
„Ројтерс“ известува дека претседателот Бајден ветил оти ќе го отвори патот кон нулта емисија на штетни гасови во САД до 2050 година, што според научниците е цел во согласност со она што е неопходно, нагласувајќи дека глобалните емисии мора да се преполоват до 2030 година со цел да се спречат разорните ефекти од глобалното затоплување.
Откако речиси 200 земји го потпишаа Парискиот договор во 2015 за да ги спречат катастрофалните климатски промени, Соединетите Американски Држави беа единствената земја што отстапи кога поранешниот претседател, Доналд Трамп, направи таков чекор оправдувајќи го со тоа што борбата против климатските промени ја чинела државата премногу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.