Свет
САД одобриле тајна продажба на нуклеарна техника во Саудиска Арабија
Американскиот секретар за енергија, Рик Пери, одобрил шест тајни овластувања што им овозможуваат на компаниите тајно да ја снабдуваат Саудиска Арабија со технологијата и помош за нуклеарна енергија, пренесува „Спутник“.
Националната администрација за нуклеарна безбедност при Министерството за енергетика (ННСА) тврди во документот дека фирмите побарале администрацијата на Доналд Трамп да ги чува одобренијата во тајност.
„Во овој случај секоја од компаниите што добиле посебно овластување за Саудиска Арабија ни дадоа писмено барање нивното одобрение да остане во тајност“, се вели во документот.
„Ројтерс“ цитира анонимен официјален претставник на одделот за енергетика, кој тврди дека барањата содржат заштитени информации и дека овластувањата биле подложени на процес за одобрување од повеќе агенции.
На конгресното сослушување во средата републиканецот Бред Шерман побара од државниот секретар Мајк Помпео до средината на април да ги именува компаниите што ги добиле овластувањата. Шерман исто така ја обвини администрацијата на Трамп дека се обидува да го избегне Конгресот при споделувањето на нуклеарната моќ со Ријад.
Помпео, од своја страна, изјави дека администрацијата ќе се погрижи секоја споделена технологија за нуклеарна енергија да не дојде во опасност од ширење.
Новите информации доаѓаат непосредно кога американските сенатори Боб Менендез и Марко Рубио во писмо до генералниот секретар Џин Додаро посочија дека Канцеларијата за одговорност на владата (ГАО) треба да ги испита преговорите на администрацијата на Трамп со Саудиска Арабија поради цивилната нуклеарна спогодба, која би можела да е во спротивност со федералниот закон.
„Бараме ГАО да спроведе итна ревизија на интеракциите на Министерството за енергетика со Саудиска Арабија во врска со нуклеарната соработка, да утврди како е координирана или дали вклучува други релевантни агенции, особено Стејт департментот, како и на конкретните иницијативи или предлози за нуклеарна соработка што биле презентирани или дискутирани во тие интеракции“, се вели во писмото.
Саудиска Арабија, која се труди да го прошири своето енергетско портфолио, беше во разговори со САД во врска со билатералниот договор за нуклеарна соработка, кој ќе му овозможи на Ријад да ги спроведува своите цивилни нуклеарни проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.