Свет
САД повторно воведуваат тарифи за увоз на алуминиум од ОАЕ
Американскиот претседател Џо Бајден вчера повторно ги воведе тарифите за увоз на алуминиум од Обединетите Арапски Емирати, со што ја смени одлуката на својот претходник Доналд Трамп, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Тарифата од десет отсто ќе остане во сила од национално-безбедносни причини, објави во понеделникот Белата куќа.
„Според мене, достапните докази покажуваат дека увозот од ОАЕ може сè уште да го наруши домашното производство и со тоа да ја наруши нашата национална безбедност“, рече Бајден.
Еден час пред крајот на неговиот претседателски мандат на 20 јануари, Трамп издаде ослободување за ОАЕ од тарифата од десет отсто за увоз на алуминиум во САД. Овој потег следуваше откако ОАЕ минатата година се согласија да воспостават дипломатски односи со Израел.
Одлуката на Бајден следуваше неколку часа по неодамнешните изјави на амбасадорот на Емиратите во САД, Јусеф ал-Отаиба, кои го опишаа прекинувањето на американскиот договор за оружје за неговата земја како рутинска работа.
„Додека е во тек ревизијата, сè се одвива нормално. Уверен сум дека ова ќе заврши како што треба“, рече Отаиба, цитиран од „Ројтерс“.
Но, Вашингтон изјави дека договорот ќе биде прекинат сè додека не се претстави планот за запирање на војната во Јемен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.