Свет
САД разнесоа древни индијански гробишта поради изградба на ѕид со Мексико
Градежни работници разнесоа древни индијански гробишта во Аризона за да можат на нивно место да подигнат граничен ѕид меѓу САД и Мексико.
Американските власти потврдија дека било извршено контролирано минирање во природниот резерват Organ Pipe Cactus National Monument, признаен од УНЕСКО.
Раул Гријалва, демократски застапник, рече дека тоа е богохулење и дека властите не се консултирале со владејачкото тело на племето Тохоно Одам, кое го населувало ова подрачје уште од дамнина.
Еколошките организации веќе извесно време предупредуваат за штетата што таа градба ќе им ја нанесе на подземните води, но и за миграцијата на дивиот свет во пустинскиот регион на околу 185 км западно од Туксон.
Властите велат дека на подрачјето на националниот парк е предвидено да се изгради ѕид висок 9 метри на потег од 90 километри, пренесува Би-би-си.
Според интерниот извештај на Националната служба на паркот објавен од „Вашингтон пост“, администрацијата на Трамп би можела да уништи дваесет археолошки локалитети за време на изградбата на граничниот ѕид во резерватот „Organ Pipe“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.