Свет
САД се „во рана фаза“ од преговорите за селење на амбасадата во Ерусалим
Белата куќа објави во неделата дека е во рана фаза разговорот за исполнувањето на ветувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп за преселувањето на амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, чин кој секако ќе го предизвика гневот на арапските сојузници.
„Се наоѓаме во почетните фази од разговорот за таа тема“, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Американската амбасада во Израел се наоѓа во Тел Авив, како и на повеќето други земји.
Палестинците посакуваат Ерусалим, особено источниот дел кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година, тој да биде главен град на нивната идна држава. Додека Израел повеќепати истакна дека го смета за своја „историска, вечна и неделива“ престолнина. И двете страни за тоа наведуваат библиски, историски и политички аргументи.
Доналд Трамп, во својата претседателска кампања критикувајќи ја политиката на администрацијата на својот претходник Барак Обама кон стратешкиот сојузник Израел, меѓу другото рече дека ќе ја дислоцира амбасадата на САД во оваа земја од Тел Авив во Ерусалим. Во неделата беше најавен негов телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Според коментаторите, секоја одлука со која двете страни во мировните преговори ќе сметаат дека ја нарушува состојбата на статус-кво, може да предизвика незадоволство кај арапските американски сојузници на Блискиот исток, како што се Саудиска, Арабија, Јордан, Катар или Египет. САД во моментов се потпираат на овие земји во борбата против џихадистичката организација Исламска држава, која новиот американски претседател ја нарече приоритет за неговата администрација.
Американскиот Конгрес во 1995 година изгласа закон со кој Ерусалим го нарекува главен град на Израел и одредува дека тој не смее да биде поделен. Меѓутоа, досега и републиканските и демократските претседатели откако доаѓаа на власт ги користеа своите овластувања за да ја задржат американската амбасада во Тел Авив и ги поткрепуваа преговорите за Ерусалим меѓу Израел и Палестинците./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги
Уделот на граѓаните на ЕУ кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет е сè уште значително поголем од оние кои купуваат е-книги, списанија или весници, покажува новото истражување на Евростат објавено по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, кој се слави на 23 април.
На ниво на ЕУ, во 2023 година, 13,4 отсто од оние што купиле на три месеци пред истражувањето, купиле печатена книга преку Интернет. Тоа беше повеќе отколку во 2022 година (12,7 проценти), но помалку отколку во 2021 година (14,5 проценти).
Во набљудуваниот период, 7,2 отсто од граѓаните во ЕУ купиле е-книга во споредба со 6,6 отсто во 2022 година и слично како во 2021 година. Најголем процент на граѓани кои купиле печатена книга во трите месеци од 2023 година пред истражувањето е во Холандија, во Луксембург и Ирска, над 20 отсто, а најмалите, само малку повеќе од еден отсто, во Кипар.
Во исто време, најголем број на оние кои купиле е-книга е забележан во Данска, 22 отсто, а најмал на Кипар, помалку од еден отсто. Данска и Финска се единствените земји-членки на ЕУ каде што повеќе луѓе купувале електронски отколку печатени книги.
Регион
Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово
Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.
За извештајот на Немец, гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.
По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.
Претходно овој месец, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.
Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ
Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.
Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.
Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ
Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откако од 1 јануари годинава, беа укинати визите за граѓаните на Косово.
Во ноември 2023 година, Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.
Свет
(Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил
Група луѓе успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен во возилото, а драматичниот момент на спасувањето во Минесота беше снимен.
На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.
Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18.30 часот.
Властите соопштија дека „хондата“ скршнала надесно и удрила во столб за осветление, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.
Возачот потоа бил пренесен во болница, но не добил сериозни повреди.