Свет
САД со предупредување до граѓаните: Не патувајте во Шпанија за празниците, можни се терористички напади
Американската влада преку „Твитер“ издаде предупредување до туристите кои планираат да патуваат во Шпанија и каталонскиот град Барселона, за зголемена опасност од терористички напади во таа земја. Како се наведува во предупредувањето, опасноста е зголемена за време на Божик и Нова година.
Стејт департментот објави предупредување за сите туристи наведувајќи дека треба да бидат особено внимателни во движењето со возило, вклучително и со автобус бидејќи терористи можат да бидат нападнати и без предупредувања.
На туристите кои планираат да патуваат во Шпанија за време на празниците им се советува повторно да размислат за патувањето. Барселона веќе беше цел на напад на терористите во август минатата година, кога загинаа 16 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медиумите јавуваат за инциденти: Русија ја бомбардира Русија
Воздухопловните сили на Русија фрлиле огромен број бомби на сопствена територија претходно овој месец, според извештајот на независните медиуми.
Како што пишува „Политико“, армијата на рускиот претседател Владимир Путин редовно ја бомбардира Украина од небо над пограничните региони, како што е Белгород, што доведе до инциденти со пријателски оган.
Минатата недела руските воздухопловни сили „фрлија“ ракета Х-59 во регионот на Белгород, на 92 километри од границата со Украина, објави доцна синоќа рускиот независен медиум „Астра“ на „Телеграм“, повикувајќи се на свои извори.
„Војската мораше да го уништи на лице место. Немаше жртви“, пишува Астра.
Вкупно, најмалку 21 воздушна бомба падна од руски авиони на Русија или на окупираните територии на Украина само во март и април, објави Астра.
„Нема точни одговори зошто ова продолжува да се случува“, напишаа новинарите.
На 2 април, руски бомбардер фрли експлозив во близина на железничката станица во Рубижнеј, град во окупираниот дел на регионот Луганск.
„Бројот на жртвите не е пријавен, преживеаните се евакуирани“, изјави во соопштението Артем Лисохор, шеф на украинската воена администрација во регионот Луганск.
На 20 април минатата година руска бомба падна во центарот на Белгород и создаде огромен кратер. Руското Министерство за одбрана преку соопштение објави дека „за време на летот на авионот Су-34 на воздухопловните сили над градот Белгород дошло до необичен пад на авијациска муниција“.
Свет
Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги
Уделот на граѓаните на ЕУ, кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет, е сè уште значително поголем од оние што купуваат е-книги, списанија или весници, покажува новото истражување на Евростат објавено по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, кој се слави на 23 април.
На ниво на ЕУ, во 2023 година, 13,4 отсто од оние што купиле на три месеци пред истражувањето платиле печатена книга преку интернет. Тоа беше повеќе отколку во 2022 година (12,7 проценти), но помалку отколку во 2021 година (14,5 проценти).
Во набљудуваниот период 7,2 отсто од граѓаните во ЕУ купиле е-книга во споредба со 6,6 отсто во 2022 година и слично како во 2021 година. Најголем процент граѓани што купиле печатена книга во трите месеци од 2023 година пред истражувањето е во Холандија, во Луксембург и во Ирска – над 20 отсто, а најмалите, само малку повеќе од еден отсто, на Кипар.
Во исто време, најголем број на оние што купиле е-книга е забележан во Данска – 22 отсто, а најмал на Кипар – помалку од еден отсто. Данска и Финска се единствените земји членки на ЕУ во кои повеќе луѓе купувале електронски отколку печатени книги.
Регион
Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово
Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.
За извештајот на Немец гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.
По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.
Претходно овој месец, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.
Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ
Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.
Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.
Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ
Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откога од 1 јануари годинава беа укинати визите за граѓаните на Косово.
Во ноември 2023 година Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.