Свет
САД ја вратија смртната казна за затвореници во федералните затвори
Министерството за правда на САД закажа пет егзекуции кога државниот обвинител повторно ја воспостави смртната казна во САД за затвореници во федералните затвори по речиси две децении. Како што јавија амерканските медиуми, американската влада не егзекутирала затвореник од 2003 година.
„Конгресот ја одобри смтната казна преку закон што го усвоија претставниците на народот во двата дома и кој го потпиша претседателот“, рече државниот обвинител Вилијам Бар.
Тој додаде дека Министерството за правда го поддржува владеењето на правото.
На смртна казна се осудени 62 федерални затвореници вклучувајќи го и Џохар Карнајев, кој ја подметна бомбата на маратонот во Бостон во 2013 година.
Министерството за правда соопшти дека за декември оваа и за јануари в година се закажани пет погубувања на затвореници осудени за свирепи убиства и сексуални злосторства. Сите пет казни ќе бидат извршени со смртоносна инјекција со фенобарбитол.
Прв ќе биде погубен Датин Ли Хонкен, кој убил пет луѓе. Егзекуцијата е закажана за 9 декември оваа година.
Триесет американски држави во моментот дозволуваат смртна казна, но во четири од нив гувернерите издадоа мораториуми. Дваесет држави ја укинаа. Њу Хемпшир е последната сојузна држава што ја укина смртната казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.