Свет
Сандерс му честиташе победа на Бајден: „Борбата само што започнува“
Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, му ја честиташе „очигледната изборна победа на Џо Бајден“ со порака дека „борбата само што започнува“.
Tonight, as we celebrate Joe Biden’s apparent election victory, we understand that our struggle is not over. It has just begun. pic.twitter.com/8cnSnojXmm
— Bernie Sanders (@BernieSanders) November 7, 2020
Додека светот ги очекува конечните резултати од изборите, некои американски медиуми му ја припишаа победата на претседателските избори во САД на Бајден. На социјалните мрежи почнаа да пристигнуваат и првите честитки за Бајден. Тој досега собра 253 изборни гласови, наспроти 213 за Трамп, а во шест држави гласовите сè уште се бројат.
Си-ен-ен објави дека Бајден е во водство и во Џорџија и во Пенсилванија, кои носат 16 и 20 изборен глас.Во Пенсилванија, каде беа преброени 96 проценти од гласовите. Според досега достапните информации, Бајден има предност од 49,4 проценти (2 461 455) и Трамп 49,3 (2454 207).
Ситуацијата во Невада, која носи шест изборни гласови, каде што Бајден е во водство, внимателно се следи. Тој собра 49,8 проценти од гласовите (632,558), а Трамп 48 проценти од гласовите или 609 901 гласови. Тука беа преброени 93 проценти од гласовите. Бајден води и во Аризона, која носи 11 изборни гласови. По пребројувањето на 95 проценти – неговата предност е 1 процент или во бројки: 49,6 проценти (1.604.067) за Бајден, наспроти 48,6 проценти (1.574.206) за Трамп.
#Israel wishes Mr. #Biden very good luck!#Trump #TrumpIsLosing #election #ElectionResults #Election2020 pic.twitter.com/BTFq93W5eF
— Ehud Olmert (@EOlmert) November 7, 2020
Трамп најверојатно ќе победи на Алјаска, каде има скоро 30 проценти предност пред својот противник, како и во Северна Каролина, каде има нешто помалку од 2 проценти предност пред Бајден. Алјаска носи три изборни гласа, додека Северна Каролина има 15.
Trump’s voters be like I will die for you. #COVID19 #TrumpIsKillingAmericans #ElectionResult2020 #Election2020 pic.twitter.com/UvEFpyTw1u
— Rainmaker (@rainmaki) November 7, 2020
На целокупното гласање во САД, Џо Бајден е во водство. Тој собра 50,5 проценти од гласовите во САД или 74 391 066 гласови, а Трамп доби 47,7 проценти од гласовите или 70 206 345 гласови.
Истакнатиот американски Бизнис Инсајдер го прогласи победникот на изборите. Според нивните пресметки, Бајден го победи Доналд Трамп и веќе ги собра потребните 273 гласови. Победата на Бајден ја објавија некои други големи американски медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.