Регион
Сарајлија хакирал профили, па изнудувал пари од жртвите
Дирекцијата за полиција и криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Српска (МУПРС) поднесе извештај против А. З. од Сараево под сомнение дека сторил кривични дела неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа, телекомуникациска мрежа и електронски податоци и за уцени.
Тој е осомничен дека ги извршил овие престапи преку неовластен пристап до профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ менувајќи ги пристапните шифри. По преземањето на профилот, тој проаоѓал експлицитни фотографии на жртвите што ги уценувал и барал да му исплатат пари за да не ги објави. Полицијата стапила во контакт и со Интерпол во врска со хакерот од Хараево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.