Свет
Сведоштва од Индија: „Како да не сме во главниот град, луѓето умираат како животни“
Луѓето што работат во болниците во Делхи се борат со бројот на заразени, кој секојдневно е во пораст. Многумина се обидуваат да им го спасат животот на заразените, а истовремено мораат да ги испратат своите најблиски, кои починале од коронавирусот.
Во Индија се регистрираат стотици илјади нови случаи на Ковид-19 секојдневно, а властите се соочуваат со ужасни проблеми. Нема повеќе кислород во болниците, а во мртовечниците нема повеќе места за чување на телата.
Се проценува дека во Делхи едно лице умира од Ковид-19 на секои четири минути.
Чарнајев работи во крематориумот со децении, но досега не се соочил со нешто слично како во последните неколку недели.
„Никогаш не сум видел нешто толку ужасно. Не можам да поверувам дека сум во Делхи, главниот град на Индија. Луѓето не добиваат кислород, тие умираат како животни“, вели Чернаев.
Тој раскажува дека немаат доволно ресурси, кои им се потребни за да кремираат некого.
Здравствените работници се преморени. Многумина се борат за животот на заразените, а во исто време мораат да ги погребаат своите најблиски, кои починале од коронавирусот. Би-би-си ја раскажува приказната на Шиванги, која додека чека да биде кремиран дедо ѝ, постојано го држи телефонот во рацете и се јавува насекаде за да обезбеди кислород за болницата во која работи.
„Ова е ужасно. Не разбирам што прави оваа влада, ова е катастрофа. Веќе не може да се живее во Делхи. Овде не можете ниту да умрете како човечко суштество“, рече таа за Би-би-си.
Шиванги тврди дека дедо ѝ починал токму поради недостиг на кислород.
Нејзините колеги се очајни, велат дека повеќе не знаат што да прават.
„Понекогаш плачеме од мака бидејќи веќе не знаеме што да правиме. Не сме во можност да им помагаме на пациентите“, велат лекарите.
Креветите се претежно зафатени од млади луѓе, дури 65 проценти од хоспитализираните се на возраст под 40 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицајци и пожарникари пристигнуваат пред куќата каде што исчезна Данка
Во Бањско Поле во Србија пристигнуваат уште полициски сили и пожарникари во околината на викендичката на семејството Илиќ, во близина на која последен пат била видена малата Данка Илиќ по која веќе трет ден се трага.
Покрај пожарникари и полиција, на лице место има и багер, иако се уште нема официјални информации зошто. Репортерот на српски Телефраф јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што објави Телеграф, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Данка Илиќ исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути кога нејзината мајка му давала вода на друго дете.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и бројни мештани. По 27 часа српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.
Свет
11 канали на „Телеграм“ блокирани во Русија поради терористичка содржина
Руската агенција за следење на комуникациите „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на платформата „Телеграм“ поради терористичка содржина во последните два дена, објави агенцијата РИА.
„Од терористичкиот напад во концертната сала ‘Крокус сити хол’ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти „Роскомнадзор“.
РИА наведува дека на барање на „Роскомнадзор“ биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или има забранет пристап до нив.
Регион
Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори
Претставниците на партијата Има таков народ, денеска, на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, со што се отвора патот за закажување вонредни парламентарна избори.
Мандатот што ѝ беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот откога неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, коалицијата предводена од партијата Продолжуваме со промените освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев ѝ го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формира влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.
Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот Устав, претседателот го доверува на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според Уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеца.