Свет
Северна Кореја тврди дека бележи добри резултати во борбата против епидемијата
Северна Кореја денеска објави дека постигнува „добри резултати“ во борбата против првата потврдена појава на корона вирусот, додека бројот на заболени од крајот на април, кога луѓето почнаа да се разболуваат, надмина два милиона.
Пјонгјанг објави дека се регистрирани 263.370 случаи на симптоми на „треска“ и уште два смртни случаи, така што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 2,24 милиони, а 65 починале, пренесе државната агенција КЦНА.
Сепак, од оваа бројка на пациенти не се знае точно колку е позитивен на коронавирусот.
И покрај големиот број случаи, Северна Кореја продолжува со земјоделските работи, фабриките работат, а ќе се одржи и планираниот погреб на поранешниот висок генерал на таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.