Свет
Северна Кореја тврди дека нема заразени, а направи вакцина против коронавирус и сака да ја тестира на луѓе
Северна Кореја соопшти дека се приклучува на трката за развој на вакцина против Ковид-19, глобално натпреварување што ги собра најголемите медицински експерти во светот и ќе чини милијарди долари.
Според севернокорејската Државна комисија за наука и технологија, клиничките испитувања на вакцината се веќе во тек и се води дебата за тоа како да се продолжи со третата фаза, која вклучува тестирање врз луѓето, пренесува Си-ен-ен.
Прашањето е зошто Северна Кореја, која има еден од најлошите здравствени системи на планетата и со децении се потпираше на Светската здравствена организација за снабдување со вакцини и имунизациja, троши време, пари и ресурси за развој на вакцина против коронавирусот.
Исто така, Пјонгјанг не призна постоење на ниеден случај на инфекција со коронавирус во земјата.
Си-ен-ен проценува дека одговорот не е едноставен, но дека тоа е веројатно комбинација на страв од вирусот и обид да се убедат граѓаните на Северна Кореја дека лидерот Ким Џонг-ун повторно ќе се соочи со предизвикот и ќе го заштити својот народ.
Северна Кореја е една од првите земји што го сметаат Ковид-19 како сериозна закана и постои добра причина за тоа – повеќето експерти веруваат дека нејзиниот здравствен систем не би издржал удар на пандемија.
Многу медицински институции во Северна Кореја немаат сигурно снабдување со електрична енергија или проточна вода, наведува Си-ен-ен.
Медицинската опрема честопати недостига, а тестовите за коронавирус исто така се чини дека се проблем.
Од почетокот на јули, само 922 луѓе во земјата со приближно 25 милиони жители се тестирани на вирусот, изјави претставникот на СЗО во Северна Кореја, д-р Едвин Салвадор.
Многу независни експерти за јавно здравје се сомневаат во тврдењето на Северна Кореја дека не постојат потврдени инфекции на Ковид-19.
Сепак, Северна Кореја има можност да го запре ширењето на кластерот затоа што може бргу да спроведе мерки што другите земји побавно ги прифатија, истакнува Си-ен-ен и додава дека во таа земја доаѓаат само мал број туристи, дипломати и помошни работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.