Свет
Седум луѓе починале, а двајца се во кома oткако пиеле антисептик
Седум луѓе починаа во саботата, а уште двајца се во кома во руската република Јакутија, на крајниот исток на Русија, откако испиле разреден антисептик, соопштија локалните власти.
Во саботата, властите соопштија дека девет жители на селото Томтора се разболеле откако испиле течен антисептик што го купиле во селска продавница, а кој пак имал широка примена од појавата на пандемијата на коронавирус.
Тројца локални жители починале веднаш во саботата, а тројца биле пренесени во административниот центар Јакутск.
Четворица од нив починаа во болница, а „двајца се во кома и нивната состојба е непроменета“, соопшти службата за медиуми на Министерството за здравство, како што објави руската новинска агенција Риа Новости. Станува збор за 48-годишна жена и 32-годишен маж, кои се приклучени за апарати, додаваат властите.
Истражителите пријавиле дека на местото на настанот пронашле петлитарски контејнер. Анализата открила дека антисептикот содржи 69 проценти метанол, токсичен индустриски алкохол. Производот ќе биде повлечен од продажба, соопштија здравствените власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.