Свет
Седум слона пронајдени мртви во шума на Шри Ланка
Властите на Шри Ланка почнаа истрага кога минатата недела беа пронајдени седум мртви слона поради наводно труење. Четири тела беа пронајдени во петокот и другите три во саботата во шумата Хабарана.
Властите велат дека сите слонови биле женски и од ист вид, а едната од нив била бремена. Безбедносните служби продолжуваат да ја истражуваат областа за можни знаци за други мртви слонови.
Иако сè уште не е јасно што ја предизвикало нивната смрт, официјалните лица се сомневаат дека тие можеби биле отруени од лути селани за уништување на земјоделските култури.
Во понеделникот друг слон беше пронајден застрелан во централниот резерват на Шри Ланка, иако е нејасно дали смртните случаи се поврзани.
Убивањето диви слонови е нелегално во земјата иако популацијата на слонови честопати доаѓа во судир со руралните заедници. Проширувањето на селата и фармите придонесе за губење на живеалиштата и снабдувањето со храна и вода за животните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.