Свет
Секој осми Австралиец живее под границата на сиромаштија
Повеќе од 3,2 милиони австралиски државјани, што претставува 13,6 отсто од населението, живеат под границата на сиромаштијата, што е најлошата стапка на сиромаштија меѓу другите богати држави во светот, се вели во новиот извештај на австралискиот Совет за социјални работи, пренесува „Камбера тајмс“.
„Не е во ред што во Австралија, една од најбогатите земји во светот, повеќе од три милиони луѓе, вклучително и три четвртини од еден милион деца, живеат во сиромаштија. Сакаме да се поддржуваме едни со други. Такви сме како нација. Но, нашата економија ги остава луѓето зад себе, со постојано високи стапки на сиромаштија и покрај децениите непрекинат економски раст“, рече извршниот директор на советот, Касандра Голди.
Во овој број се вклучени повеќе од 770.000 деца под 15-годишна возраст, што е речиси 18 отсто од сите деца во Австралија.
Во Австралија линијата на сиромаштија е оданочени 457 долари неделно за еден возрасен човек, а разликата помеѓу приходите на луѓето во сиромаштија во разни видови семејства и границата на сиромаштија е 282 долара неделно, откриваат авторите на извештајот.
Според групата, владата може да ја намали сиромаштијата преку зајакнување на растот на работните места и со помагање во трошоците за домување, кои се меѓу највисоките во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.