Свет
Семејствата на заробените во Иран го повикуваат Трамп да ги врати во САД
Откако државниот секретар Мајк помпео ги врати во САД тројцата Американци кои беа заробени во Северна Кореја, а претседателот Доналд Трамп одлучи да го напушти Иранскиот нуклеарен договор и повторно да наметне санкции на Иран, семејствата на шесте Американци заробени или искчезнати во Иран ја повикуваат администрацијата да не ги заборави.
Во Иран се заробени петмина Американци – 81-годишниот Бакер Намази, неговиот син Сијамак Намази, студентот од универзитетот „Принстон“, Зију Ванг, екологот Морад Тахбаз и сопственикот на уметничка галерија Каран Вафадари – и Боб Левинсон, Американец кој е исчезнат во Иран веќе 11 години. Седми американски граѓанин, Робин Шаини, беше ослободен во Иран со кауција, но останува нејасно дали може да ја напушти земјата.
Во петок, семејството на Ванг и Универзитетот „Принстон“ ќе одржат протест за негово ослободување, барајќи од американскиот претседател и Иран да соработуваат со цел негово ослободување. Ванг беше уапсен во 2016, а една година подоцна беше осуден на 10-годишна казна затвор за шпионажа.
Во Вашингтон, во средата, семејтвото на Бакер и Сијамак Намази се сретнаа со функционери од Белата куќа и членови на Конгресот. Семејството и нивниот адвокат Џаред Генсер не сакаа да ja коментираат одлуката на Трамп во врска со иранскиот договор и тоа дали таа ќе им помогне или наштети во нивниот случај.
„Се што ми е важно е моето семејство да се врати дома безбедно и што побрзо, пред да биде предоцна“, рече Бабак Намази, синот на Бакер и брат на Сиајамк.
Високо официјално лице од Стејт департментот рече во вторникот дека администрацијата е во „преговори…со неколку страни со цел разрешување на овие случаи“, не додавајќи ништо повеќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.