Свет
Семејствата на починатите од Ковид-19 во Италија бараат отштета од 259.000 евра за човек
Членовите на семејствата на починатите од Ковид-19 во Италија почнаа правна постапка против премиерот, миинистерот за здравство, како и претседателот на регионот на Ломбардија.
Правните чекори ќе ги преземат поради навнимание во водењето на кризата предизвикана од пандемијата, пренесува „Гардијан“.
Членовите на семејствата на 500 починати луѓе поднеле граѓански тужби во провинцијата Бергамо, која беше тешко погодена за време на првиот бран на пандемијата. Тие тврдат дека тројцата највисоки личности во државата – Џузепе Конте, Роберто Сперанца и Атилио Фонтана, се соучесници за смртта на речиси 70.000 починати од Ковид-19.
Во тужбата се наведува дека тројцата се одговорни затоа што на крајот на февруари не ги ставија навреме во карантин градовите Алзано, Ломбардо и Нембро и покрај препораките на експертите. Се тврди дека тие не го надградиле националниот план ниту, пак, го спровеле регионалниот, што требало да се направи.
Адвокатот Консуело Локати, кој ги застапува семејствата на починатите, бара 259.000 евра отштета за секое семејство. Локати објасни дека истражувањето што го спровеле последните месеци довело до откривање на тоа кој е одговорен за смртта на голем број луѓе по што тие одлучиле да поведат граѓанска постапка.
Локати рече дека властите се одговорни затоа што не ги почитувале правилата.
„Според законот во Италија, потребно е да се има адекватен национален план, а регионалните власти, според него, мора да го спроведат регионалниот план“, рече таа додавајќи дека не само што националниот план е застарен туку и воопшто не е тестиран за да се види дали работи.
Италија е првата европска земја погодена од пандемијата. Планот во сила за пандемии во Италија датира од 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија, економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување на надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот Феникс.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за Билд изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
– Наместо таксата за претходна пракса од десет евра по посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра по посета на лекар. Исклучок треба да биде земање рецепти, рече Аугурски, пренесува магазинот Феникс.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
– Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно, изјави Грес за Билд.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.
Свет
Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината
Кинеската вселенска агенција ги прави последните подготовки за испраќање на екипажот Шенжу-18 во ниската орбита на Земјата, како дел од нејзината вселенска програма која има за цел да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.
Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA) на денешната прес-конференција претстави тројца астронаути, командант Је Гуангфу, кој беше дел од мисијата Шенжу-13 2021, Ли Конг и Ли Гуангсу, кои за прв пат ќе одат во вселената, пренесува CRI. .
Вселенското летало со тројца луѓе се очекува да полета во четврток во 20:59 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван во пустината Гоби во северозападна Кина.