Свет
СЗО: Вакцината нема да стави крај на епидемијата, нè очекува тешка есен
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекува пораст на бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа во текот на октомври и ноември и дека тие месеци ќе бидат многу тешки во однос на епидемијата.
„Ќе стане многу потешко. Во октомври и ноември ќе видиме зголемување на стапката на смртност“, рече Ханс Клуге, директор на европскиот разгранок на СЗО.
Бројот на заразени во Европа во моментот е во пораст, но бројот на жртви дневно е релативно стабилен.
Клуге исто така ги предупредува оние што сметаат дека наоѓањето на вакцината ќе стави крај на епидемијата.
„Слушам луѓе цело време како велат дека вакцината ќе означи крај на епидемијата. Секако дека нема“, рече Клуге.
Тој објасни дека никој сè уште не знае дали вакцината ќе биде ефективна за целата светска популација.
„Некои знаци покажуваат дека ќе биде ефикасна за некои, но не за сите“, истакна белгискиот лекар.
Тој исто така рече дека на епидемијата ќе ѝ дојде крајот кога како заедница ќе научиме да живееме со неа.
„И тоа зависи од нас и тоа е една многу позитивна порака“, заклучи Клуге.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.