Европа
СЗО ги поздрави добрите резултати од испитувањето на стероидот за лечење заболени од Ковид-19
Светската здравствена организација ги објави како добри вести почетните резултати од клиничките испитувања, кои покажаа дека евтиниот и често користен стероид дексаметазон може да спаси животи на критично болни пациенти заразени со Ковид-19.
„Ова е прва теорија која покажува намалена смртност кај пациенти кои имаат Ковид-19 и на кои им се потребни кислородна поддршка и респиратор“, рекол директорот на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.
„Ова се прекрасни вести и и` честитам на владата на Велика Британија, на Универзитетот Оксфорд и на многу британски болници и пациенти кои придонесоа за ова научно откритие кое спасува животи“, додаде тој.
Научниците ги споделија со СЗО првичните увиди од резултатите од истражувањето, поради што многу се радуваме на целосните податоци во наредните денови, истакна директорот на СЗО.
Тестирањето спроведено на 2104 заболени покажало дека мали дози на овој лек можат да ја намалат смртноста за една третина кај пациенти на респиратори и кај една петина од оние кои се на терапија со кислород, заклучија истражувачите кои тврдат дека ова е голем чекор кој би можел да спаси голем број животи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.