Свет
СЗО испраќа околу 11.000 вакцини против ебола во Гвинеја
Повеќе од 11.000 вакцини против ебола ќе пристигнат во Гвинеја викендов, една недела по повторното појавување на епидемијата во таа западноафриканска земја, која беше сериозно погодена од оваа болест пред пет години, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Вакцините ќе пристигнат на аеродромот во Конакри в недела попладне, а се планира мала церемонија пред да летаат кон Нзерекоре, објавија локалните здравствени власти.
„Триесет експерти за вакцинација веќе се мобилизирани на локално ниво и тие се подготвени да бидат распоредени веднаш штом вакцините пристигнат во Гвинеја“, изјави регионалната директорка на СЗО за Африка, Матшидисо Моети.
Таа најави дека ќе бидат испратени дополнителни 8.600 дози вакцини од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.