Свет
СЗО: Секоја десетта личност во светот се заразила со корона
Околу десет проценти од светската популација веќе се заразиле со коронавирус, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Мајк Рајан, раководител на одделот за кризи на СЗО, изјави дека пандемијата се забрзува во делови на Југоисточна Азија и дека е забележано зголемување на бројот на смртни случаи во делови на Европа и регионот во Источниот Медитеран.
„Нашите најдобри проценки во моментов ни покажуваат дека околу 10 проценти од светската популација веќе е заразена со вирусот. Тоа зависи и од државата и дали станува збор за град или село. Но, ова значи дека огромно мнозинство од населението сè уште е изложено на ризик”, објасни Рајан.
„Се приближуваме до тежок период. Болеста сè уште се шири“, додаде тој.
СЗО исто така објави дека избрала експерти за меѓународна мисија во Кина каде што се открива потеклото на вирусот, но тие допрва треба да бидат прифатени од кинеските власти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.