Свет
СЗО: Трета доза од вакцината не е луксуз, туку потреба
Трета т.н. бустер-доза на вакцината против Ковид-19 е начин да се заштитат најранливите, а не луксуз, соопшти денеска Светската здравствена организација.
СЗО претходно овој месец посочи дека податоците не укажуваат на потреба од дополнителни вакцини и дека ревакцинацијата на целосно вакцинирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.
„Третата доза вакцина не е луксуз одземен од некој друг кој сè уште ја чека првата доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите“, рече Ханс Клуге, шефот на СЗО Европа, на брифинг со новинарите.
Клуге исто така рече дека порастот на стапката на пренос на Ковид-19 во Европа во текот на изминатите две недели, со ниски стапки на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.