Европа
Синтетичките лекови сѐ поголем проблем во Европа
Една европска агенција за лекови предупреди дека синтетичките лекови што ја поттикнаа кризата со опијати во САД стануваат причина за сѐ поголема загриженост.
Во извештајот на Европскиот центар за следење дрога и зависност од дроги (EMCDDA) се наведува дека 11 нови синтетички опијати биле откриени во Европа, вклучувајќи шест деривати на фентанил.
Фентанилот, кој е педесет пати посилен од хероинот, се проценува дека е причина за над 19.000 смртни случаи поврзани со опијатите во САД во 2016 година – нешто помалку од половина од вкупниот број.
Иако хероинот останува најчесто користена недозволена дрога, едно од пет лица што примаат третман за зависност од опијати сега е зависно од синтетички лекови.
„Иако овие супстанции во моментот претставуваат само дел од пазарот на опијати во Европа, тие се причина за сè поголемата загриженост бидејќи нивната употреба се поврзува со труење и смрт“, се вели во извештајот.
„А бидејќи се потребни многу мали количини за производство на илјадници улични дози, овие супстанции лесно може да се скријат и да се транспортираат, што претставува предизвик за спроведување на законот“, се додава во него.
Во ист таков извештај од минатата година се истакнува дека во Европа се забележани најмалку 250 смртни случаи како резултат на фентанил. Според Европол, фетанилот се продава на црниот пазар како замена за хероин.
Директорот на EMCDDA, Алексис Госдел, вели дека тие продолжуваат да се соочуваат со предизвици во областа на дрогата, кои стануваат сè поголеми. Тој истакна дека, покрај зголемена достапност на дрогите од растително потекло, како кокаинот, во Европа почнува да се развива пазар на синтетички дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.