Свет
Сириската војска уби 10 терористи во провинцијата Хама
Сириските владини сили убија десет милитанти и уништија возило кога одбиваа напад од терористите од групата Хајат Тахрир ал-Шам (порано позната како Џабат ал-Нусра) во провинцијата Хама, изјави шефот на рускиот Центар за помирувањето на спротивставените страни, Виктор Купчишин, во вторникот.
„Повеќе од 20 милитанти од терористичката Хајат Тахрир ал-Шам, поддржани од три крос-кантри возила опремени со митралези со голем калибар извршија напад врз населбата Кафр-Нбуда во провинцијата Хама од област во населбата Хабитат. Одбивајќи го нападот, единиците на сириските владини сили уништија пикап и убија десетина терористи “, рече Купчишин.
Во изминатите 24 часа, Центарот за помирување изврши две хуманитарни операции во населбата Харна (провинција Дамаск) и Мазлум (провинција Деир ез-Зоор), во кои локалните жители добија 1.000 пакети со храна, додаде Купчишин.
Рускиот центар продолжува да ги исполнува задачите кои им се доделени по завршувањето на воената кампања во Сирија. Тие редовно патуваат низ слободните подрачја во земјата за да ја проценат хуманитарната ситуација.
Главните напори на руската војска сега се фокусирани на помагање на бегалците кои се враќаат во своите домови и евакуирање цивили од зоните на деескалација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.