Свет
Сириска агенција тврди дека бунтовниците планираат да исценираат хемиски напад
Терористички групи активни во северна Сирија планираат да исценираат напад со хемиско оружје за да го запрат напредувањето на сириската армија, објави денеска Сириската арапска новинска агенција (САНА).
Според агенцијата, терористите и „турските платеници“ ги почнале подготовките за сценирање лажен напад со хемиско оружје врз цивили во западниот дел на провинцијата Алепо.
САНА додаде дека милитантите ќе се обидат да го привлечат вниманието на меѓународната заедница кон инцидентот за да го запрат напредувањето на сириската армија.
Во неделата сириските трупи извршија офанзива, преземајќи ја контролата врз важните височини јужно од градот Алепо. Војниците сега ќе можат да се движат кон населбата Кан Туман, лоцирана покрај автопатот што ги поврзува Алепо и Дамаск, кој е под контрола на вооружената група Џабат ал-Нусра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уште еден земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, во областа Гоксун во Кахраманмараш.
Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.
Турција синоќа беше погодена од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 46 километри јужно од Турхал, на длабочина од 10 километри.
Свет
Поранешниот директор на Мосад за нападот на Иран: Сите опции се „на маса“
Поранешен директор за разузнавање во израелската разузнавачка агенција Мосад вели дека таргетирањето на нуклеарните објекти во Иран е една од опциите за одговор на нападот врз Израел, пишува „Sky News“.
Зохар Палти зборуваше за можните форми на одговор откако Иран истрела повеќе од 300 проектили и беспилотни летала кон Израел.
Запрашан дали сè е на маса, вклучително и таргетирање на нуклеарни постројки, Палти рече: „Нема прашање. Сè е на маса во моментов“.
Запрашан дали тоа вклучува нуклеарни постројки, тој рече: „Вклучувајќи сè“.
Иран во неделата привремено ги затвори своите нуклеарни постројки од „безбедносни причини“.
Нападот врз Израел уследи по наводниот смртоносен израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија. ИДФ соопшти дека 99 отсто од оружјето испукано кон Израел не успеало да навлезе во неговата моќна противвоздушна одбрана.
Сепак, како што пренесуваат медиумите, израелската влада нема да изврши одмазда за масовниот ирански напад на израелска територија минатиот викенд.
Свет
„Тајмс оф Израел“: Америка ја прифати операцијата на Израел во Рафах, доколку Израел не го нападне Иран
Соединетите Американски Држави го прифатија планот на Израел за копнена операција во јужниот дел на Газа во градот Рафах во замена за неизвршување на голем напад врз Иран, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван египетски функционер.
„Американската администрација покажа дека го прифаќа планот што претходно го претстави окупаторската влада во врска со воената операција во Рафах, во замена за неизвршување голем напад врз Иран“, изјави неименуван египетски функционер за катарскиот медиум „Ал Араби ал Џадид“.
Тој додаде дека Египет се подготвува за можните последици од инвазијата на Рафах, каде, според израелските медиуми, се верува дека се наоѓаат четири баталјони на палестинската милитантна група Хамас и над милион цивили кои побегнале таму од другите делови на Појасот Газа, а се сомнева дека таму се и лидерите на Хамас и израелските заложници, пренесува Танјуг.
Израелскиот јавен сервис „Кан“ вчера објави, повикувајќи се на неименуван израелски функционер, дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го променил планот за одговор на нападот на Иран по разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Неименуван израелски функционер појасни дека одговорот на Израел ќе се случи, но дека ќе биде поинаков од планираниот.
Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран изврши напад врз Израел со беспилотни летала и балистички и крстаречки ракети како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.